Новата македонска чартер-авиокомпанија формирана со српски капитал „МАТ ервејс“ најавува дека ќе почне да лета за неколку дена. Од компанијата соопштија дека се во завршна фаза да ја обезбеди дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија (АЦВ). Основачите на авиокомпанијата, најголемата српска туристичка агенција „Кон Тики травел“ и компанијата „Метрополитен инвестмент груп“, која располага со сопствен авион од типот „боинг 737-500“, информираат дека веќе организирале неколку летови за Охрид. Според основачите на новата авиокомпанија, поранешната авиокомпанија МАТ, која е во стечај, нема никаква врска со „МАТ ервејс“, ниту, пак, сопственикот на МАТ, Златко Петровски, има удел во сопственичката и управувачката структура на новоформираната компанија. „МАТ ервејс“ размислува да го промени името за да нема поврзаност со поранешен МАТ, што може да се одрази на работењето. Името и логото на поранешната авиокомпанија ги зачувавме, бидејќи сметаме дека е од национален интерес на Македонија и на нејзините граѓани новата авиокомпанија да носи име кое е обележје на државата, но без оглед каква одлука ќе донесеме, македонското знаме ќе биде симбол на чартер-компанијата.
Новата македонска чартер-авиокомпанија формирана со српски капитал „МАТ ервејс“ најавува дека ќе почне да лета за неколку дена.
Од компанијата соопштија дека се во завршна фаза да ја обезбеди дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Македонија (АЦВ).
Основачите на авиокомпанијата, најголемата српска туристичка агенција „Кон Тики травел“ и компанијата „Метрополитен инвестмент груп“, која располага со сопствен авион од типот „боинг 737-500“, информираат дека веќе организирале неколку летови за Охрид.
Според основачите на новата авиокомпанија, поранешната авиокомпанија МАТ, која е во стечај, нема никаква врска со „МАТ ервејс“, ниту, пак, сопственикот на МАТ, Златко Петровски, има удел во сопственичката и управувачката структура на новоформираната компанија.
„МАТ ервејс“ размислува да го промени името за да нема поврзаност со поранешен МАТ, што може да се одрази, како што стои во соопштението, на работењето. „Името и логото на поранешната авиокомпанија ги зачувавме, бидејќи сметаме дека е од национален интерес на Македонија и на нејзините граѓани новата авиокомпанија да носи име кое е обележје на државата, но без оглед каква одлука ќе донесеме, македонското знаме ќе биде симбол на чартер-компанијата“, се вели во соопштението.